Цитати од безвременскиот писател Гистав Флобер

На денот кога е роден големиот писател Гистав Флобер, прочитајте неколку негови цитати. Некои од нив се од неговото најпознато дело „Мадам Бовари“. Тој е француски писател кој творел во ерата на реализмот.

„Таа трепереше од звукот на неговите чекори, но во негово присуство немирот стивнуваше, оставајќи само огромно восхитување, кое на крајот се претвораше во тага“.

„Премногу се познаваа и веќе не можеа да ги имаат оние изненадувања во љубовта кои би ја зголемиле нејзината радост.  Ема беше сита од него како и тој од неа. Таа, исто така, во прељубата ги дозна сите недостатоци од возвишеноста, како и во бракот.“

„Пред да се омажи мислеше дека чувствува љубов; но бидејќи среќата која требаше да произлезе од таа љубов не се појави, таа помисли дека мора да била измамена. И Ема почна да се прашува: што точно значат во животот зборовите блаженство, љубов и занесеност, кои изгледаа толку убави во книгите.“

„Покрај сè она што го имаше,  таа не беше среќна, ниту некогаш била. Од каде таа празнина во животот, тој моментален распад на сè на што таа се потпираше? Ако некаде има човек силен и убав, со херојска природа, полн со ревност и чувствителност во исто време, со поетско срце во ангелско тело, лира со метални жици од кои тажни звуци би се издигнале на небото – зошто да не можа таа да го најде? О, колку е тоа невозножно!„

„Срцето е  богатство кое не се продава или купува, туку се подарува.“

„Постојат три услови за човек да биде среќен: да е глупав, себичен и со добро здравје, но мора да бидат исполнети сите три истовремено. “

„Ништо толку не го понижува човекот да гледа како глупави успеваат во работи во кои тој не успеал.“

„Создадени сме за болка. Солзите се за срцето она што е водата за рибите.“

„Глупоста е нескршлива: сè што ќе наиде на неа мора да се скрши.“

„Бог и човекот се разделени дотолку што Бог е одговорен за почетокот и крајот, а човекот за сè што е помеѓу“.

„Немаме право да уживаме во среќата ако не ја делиме со другите; немаме право да уживаме во богатството ако не го создаваме за другите“.

Прочитајте ги  и  следниве цитати од Барух Спиноза.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!