Цел ден мислам на тоа, а ноќе и го кажувам.
Од каде сум дојден, и што треба да правам?
Немам поим.
Мојата душа е од некое друго место,
во тоа сум сигурен,
и имам намера таму и да завршам.
Ова пијанство почнало во некоја друга крчма.
Кога ќе го свртам кругот и кога ќе се вратам
на тоа место ќе бидам сосема трезен.
А, дотогаш, како птица сум од друг континент,
во овој огромен кафез.
Се ближи денот кога ќе пркнам,
но кој ми е сега во увото,
кој го слуша мојот глас?
Кој кажува зборови со мојата уста?
Кој го гледа светот со моите очи?
Што е душата?
Не можам да престанам со прашањата.
Кога би вкусил голтка од одговорот
би можел да побегнам од овој затвор за пијаници.
Не дојдов овде по своја волја,
и не можам така ни да заминам.
Кој и да ме довел ваму,
ќе мора да ме одведе дома.
И оваа поезија.
Никогаш не знам што ќе кажам.
Не обмислувам.
Кога ќе ми помине,
станувам речиси нечуен и ретко кажувам било што.
Извадок од „Два света“, избор и превод: Тихомир Јанчовски
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.