Судир на две генерации (поучна приказна)

Еден надежен бруцош шетајќи во паркот, си зел за право да му објасни на постар господин кој седел одмарајќи, зошто е невозможно постарата генерација да ја разбере неговата генерација.

– Вие сте растеле во различен свет, всушност речиси примитивен, рекол бруцошот доволно гласно за сите да го чујат. Денес младите растат со ТВ, млазни авиони, патувања до вселената, човекот се шета на Месечината. Имаме нуклеарна енергија, бродови, мобилни телефони, компјутери со брзина на светлината…и многу други работи.

Потоа следела кратка пауза, а господинот му одговорил:

– Сине, во право си. Сите овие нешта ги немавме кога бевме млади… па само ги измисливме. А, сега те прашувам: Што правиш ти за идната генерација?

Аплаузот од присутните бил воодушевувачки!

Заклучок: Секоја генерација треба да им остави нешто вредно и значајно на идните генерации.

Прочитајте ја и следнава зен приказна: „Вратите на рајот“!

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!