Вратите на рајот – Зен Приказна

Воин по име Нобушиге отишол кај учителот Хакуин и  го прашал: „Дали навистина има рај и пекол?“
„Кој си ти?“ прашал Хакуин. „Јас сум Самурај.“ Одговорил воинот гордо.

„Ти, воин!“ Извикал Хакуин. „Каков е тој владетел што тебе те зел да го чуваш? Лицето ти е како на некој питач“. Нобушиге толку за разгневил што посегнал по катаната, но Хакуин продолжил: „Значи и меч си имал. Оружјево ти е претапо за да ми ја пресече главата“

Кога Нобушиге го извлекол мечот Хакуин рекол: „Сега си на портите од пеколот“. На тие зборови самурајот, увидувајќи ја уката на учителот, го прибрал мечот и се поклонил.
„Сега си на портите од рајот.“ Рекол Хакуин.

Прочитајте ја и приказната за излишениот живот.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!