Полусвест – Маја Дојчинова Малиновска

Се превиткувам на твојата страна од патот

Го препишувам писмото кое го пишуваше

Една понеделничка приквечерина

На полузрачен полумесец

Со полупразни помисли.

Ја прорекувам мојата прва преселба

Во понова полична полусвест.

 

Починка на мислите.

Мисловна заборавеност.

Заборавам да помислам на тебе.

Но, тоа беше секунда од заборавот

Ти си моето време

Мојата полусвест се потсетува

На тебе секоја полусекунда од моето постоење.

08.06.2019

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!