Ѕвездите што стојат над куќниот покрив
куќата од сите зла ја чуваат.
Сокриени добро меѓу гранките мокри
крадците куќата ја посочуваат.
Внатре млада девојка се соблекува гола.
од покривот се мешаат во сонот телата.
Низ оџакот, испрегнати од Големата Кола,
гледаат животните со ѕвезди на челата.
Луди слики прават ѕвездите на небото.
Крадците, маѓепсани, си ги забораваат целите.
Внатре, под покривот, како тестото на лебот,
расте сонот, преплавувајќи ги постелите.
Месечината и сенките се мешаат на ѕидот.
Сè е сон: и куќата, и ѕвездите, и гранките.
Збунетите крадци, седнати на ридот,
пред да заспијат читаат од читанките.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.