Најновото видео веќе е објавено на каналот „Слушај поезија – и други приказни“ и можете да го чуете читањето на песната „Улица“ од Октавио Паз.
Улицата
Има една темна улица издолжена и тиха.
Низ темницата одам се поревам и паѓам
се кревам и ги газам со слепите нозе
немите камења и исушените лисја
а некој зад мене исто така ја гази:
застана ли, и тој застанува;
трчам ли, трча. Го свртувам лицето: никој.
Мрачно е сè и без излез,
и ги обиколоувам обиколувам ќошињата
што секогаш излегуваат на улицата
кај никој не ме чека ни следи,
кај следам јас еден човек што се порева
и крева и вели гледајќи ме: никој.
Пријатно слушање!
Слушнете го и рециталот „Мртви лисја“ од Жак Превр.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.