17 цитати за упорност и успех кои нè потсетуваат зошто не смееме да се откажеме

Следниве цитати за упорност и успех се тука да нè потсетат зошто никогаш не смееме да се откажеме. Во повеќе наврати сме пишувале статии за успех, сме споделувале мотиваицони мисли, па и видеа. Со оваа статија сакаме да ги истакнеме овие мисли кажани од луѓе низ историјата кои многупати не успеале, но никогаш не се откажале. Тие не признавале неуспех, а упорноста била таа којашто ги одвела до посакуваниот успех. Прочитајте ги во продолжение!

1. „Успехот не е конечен, неуспехот не е фатален. Она што е важно е храброста да се продолжи понатаму.“ – Винстон Черчил

2. „Најпосле, суштината на сознавањето не се состои во тоа дали ја губиме играта туку како губиме, што спознаваме, на што нè научил поразот и како нè менува. Да се губи на одреден начин – значи да се добива“. – Ричард Бах

3. „Ако ви оди премногу лесно, погледајте подобро, можеби ви оди надолу?“ – Непознат автор

4. „Генијалноста е 1% инспирација и 99% пот.“ – Томас А. Едисон

5. „Не е дека не се осмелуваме бидејќи е тешко, туку тешко е дека не се осмелуваме.“ – Сенека

6. „Не е дека не успеав. Само што открив десет илјади начини кои не функционираат.“ – Томас А. Едисон

7. „Ова би била порака до младите: не бидете најдобри во класот. Ако сте најдобри во класот, во погрешен клас сте.“ – Џејмс Д. Вотсон

8. „Да не се планира значи да се планира неуспехот.“ – Бенџамин Френклин

9. „Пред сè, подготовката е клуч за успехот.“ – А. Г. Бел

10. „Најди време за смеење, тоа е мелодија за душата.“ – Мајка Тереза

11. „Многу е важно да не се откажувате. Дури тогаш можете нешто и да направите.“ – С. Хокинг

12. „Не познавам ниту еден пат до успехот, но знам само еден единствен кој нас сигурно нѐ води до неуспех: кога сакаш да им угодиш на сите.“ – Платон

13. „Јас не сум обесхрабрен бидејќи секој погрешен обид кој сум го отфрлил всушност е чекор напред.“ – Томас А. Едисон

14. „Никогаш не смеете да се откажете. Победниците никогаш не се откажуваат, а луѓето кои се откажуваат никогаш не победуваат.“ – Тед Тарнер

15. „Едноставно не можете да ја победите личноста која никогаш не се откажува.“ – Б. Рут

16. „Биди упорен без оглед колку бавно мораш да се движиж. Со упорноста ќе дојде и успехот“. – Н. Хил

17. „Упорната работа победува сè“. – Вергилиј

Прочитајте ги следниве мисли за одговорноста.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!