Цитати за зимата кои ќе ви ги стоплат срцата или барем ќе се обидат да го направат тоа. Што рекле за ова годишно време луѓето низ вековите? Зимата е годишно време во кое најмногу доминираат сивите и меланхолични мисли. Но таа исто така може да биде и време на убави доживувања, празнични мигови и спомени направени со луѓето што ни значат. Прочитајте ги цитатите во продолжение.
1. „Зимата е начин на кој природата вели: „Што ќе правите сега?!“ – Роберт Бирн
2. „Пролетта, летото и есентта нè исполнуваат со надеж. Зимата нè потсетува дека требало да водиме сметка за кондицијата.“ – Мињон Меклафлин
3. „Зимата нас нè јаде со забите или нè мава со опашката.“ – Народна поговорка
4. „За време на сеењето учи, за време на жетвата учи ги другите, за време на зимата – уживај.“ – Вилијам Блејк
5. „Ладниот ветер дуваше од север, а дрвјата шумолеа, како да се живи.“ – Џорџ Мартин
6. „Меланхолијата е звук на зимскаа ноќ.“ – Вирџинија Вулф
7. „Се прашувам дали снегот ги сака дрвјата и полињата штом ги бакнува така нежно? Потоа ги покрива, знаете, со бел прекривач и можеби ги советува: Спијте драги мои сè додека летото не дојде повторно.“ – Чарлс Лудвиг Доџсон
8. „Зимата предолго трае во големите градови, се задржува сè додека не постане застоена и запуштена, стара и намќореста.“ – Вила Катер
9. „Ноќите беа долги како плетенките на убава девојка, а деновите беа кратки, како смислата за хумор на таа девојка.“ – Евгениј Замјатин
10. „Зимата е време кога се даваат ветувања бидејќи тогаш може многу малку да се работи. Или затоа што тогаш може себеси да си допуштиме луксуз да размислуваме.“ – Стенли Крафорд
11. „Ги сакам овие ладни, сите вакви зимски денови. Деновите како овој те пуштаат да уживаш во лошто расположение.“ – Бил Ватерсон
12. „Зима е. Стопли се со дебели ќебеиња. Со големи џемпери. Со топли пијалаци. Долги прегратки. Искрени насмевки. Разбуди ја топлината во себе и прегрни го својот свет со неа.“ – Непознат автор
13. „Насмевката е сонце коешто ја трга зимата од човечкото лице.“ – Непознат автор
14. „Бојата на пролетта е во бојата на цвеќињата. Бојата на зимата ѝ е препуштена на имагинацијата.“ – Непознат автор
Прочитајте ги и следниве мисли за времето коишто ќе ве натераат на размислување.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.