14 цитати посветени на зимата којашто веќе пристигна во нашите краишта

Цитати за зимата кои ќе ви ги стоплат срцата или барем ќе се обидат да го направат тоа. Што рекле за ова годишно време луѓето низ вековите? Зимата е годишно време во кое најмногу доминираат сивите и меланхолични мисли. Но таа исто така може да биде и време на убави доживувања, празнични мигови и спомени направени со луѓето што ни значат. Прочитајте ги цитатите во продолжение.

1. „Зимата е начин на кој природата вели: „Што ќе правите сега?!“ – Роберт Бирн

2. „Пролетта, летото и есентта нè исполнуваат со надеж. Зимата нè потсетува дека требало да водиме сметка за кондицијата.“ – Мињон Меклафлин

3. „Зимата нас нè јаде со забите или нè мава со опашката.“ – Народна поговорка

4. „За време на сеењето учи, за време на жетвата учи ги другите, за време на зимата – уживај.“ – Вилијам Блејк

5. „Ладниот ветер дуваше од север, а дрвјата шумолеа, како да се живи.“ – Џорџ Мартин

6. „Меланхолијата е звук на зимскаа ноќ.“ – Вирџинија Вулф

7. „Се прашувам дали снегот ги сака дрвјата и полињата штом ги бакнува така нежно? Потоа ги покрива, знаете, со бел прекривач и можеби ги советува: Спијте драги мои сè додека летото не дојде повторно.“ – Чарлс Лудвиг Доџсон

8. „Зимата предолго трае во големите градови, се задржува сè додека не постане застоена и запуштена, стара и намќореста.“ – Вила Катер

9. „Ноќите беа долги како плетенките на убава девојка, а деновите беа кратки, како смислата за хумор на таа девојка.“ – Евгениј Замјатин

10. „Зимата е време кога се даваат ветувања бидејќи тогаш може многу малку да се работи. Или затоа што тогаш може себеси да си допуштиме луксуз да размислуваме.“ –  Стенли Крафорд

11. „Ги сакам овие ладни, сите вакви зимски денови. Деновите како овој те пуштаат да уживаш во лошто расположение.“ – Бил Ватерсон

12. „Зима е. Стопли се со дебели ќебеиња. Со големи џемпери. Со топли пијалаци. Долги прегратки. Искрени насмевки. Разбуди ја топлината во себе и прегрни го својот свет со неа.“ – Непознат автор

13. „Насмевката е сонце коешто ја трга зимата од човечкото лице.“ – Непознат автор

14. „Бојата на пролетта е во бојата на цвеќињата. Бојата на зимата ѝ е препуштена на имагинацијата.“ – Непознат автор

Прочитајте ги и следниве мисли за времето коишто ќе ве натераат на размислување.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!