Се родив покрај немирна река
Со помисла дека секој со секого е рамен
Како свод на мирно небо
Но, немир сега имам во душава мека.
Знам дека Сонцето со Месечината се браќа
Само во невреме!
Во обични времиња
се погледуваат со презир
си зборуваат зад грб неразбирливи зборови
и разговараат со ангелите за да ги оцрнат
нивните бели светкави наметки
им ги затнуваат трубите со крпа од темни ѕвезди,
мали џуџести маглини
како јас и ти
кога не знаеме да си кажеме ниту еден збор
магла нѐпрекрива и се допираме
само со погледи.
Mалите Купидони нѐ боцкаат
со мали стрели
а ние имаме презир
во очите.
И чекаме невреме
за да се појави љубов
но не сме браќа,
робови на телата сме
робови сме на
неочекувани свиденија
на божествена хармонија.
Но презирот е тука.
Чекаме само невреме
За да се појави љубов.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.