Блесок,
Светлина,
Сонце…
Над височините,
над долините, над планините.
Изгрејсонце.
Светна денот,
светло во моите гради, срцебиење…
Како товар од душава ми падна,
како перце леснината ја допрев,
радост во душава се разбуди.
Изгрејсонце.
Пред очи светлина,
на усни насмевка,
во душа нова радост.
Нова надеж се роди.
Утринска роса, на лице ми капна,
снежен допир на образ ме погали,
од сон ме разбуди блесок, светлина силна,
нов ден се роди.
Изгрејсонце блесна.
Нова надеж, ново руво, нов почеток.
Ветување…
Нова можност, нов ден, нова молитва,
на усни ми излета.
Искра.
Вера.
Љубов.
Нов почеток!