Спомени по заминување! – Сабахета Ета Мерсими

Замина без поздрав и зборови
како знаеше да ни испраќа
на страници секогаш,
без да прави разлика
да дели некого по вера и боја
по јазик и големина
по пол и професија
добри дела да прави
тажните лица, да ги гали
негови пораки да ги праќа
,,Јас сите Ве сакам,,……
Беа зборови од срцето
негово испратени

Пораките на дете со
ангелско лице,чиста душа,
огромно срце На Хуманиста
Загреан, сјаеше со топлото сонце
Прегнат, Огреан
од неговата земја мала
чаробно, шарено обоена
Песните негови што ја милуваат љубовта
И оплакуваат тагата,
го сакаа млади и стари.
Го Сакаат и сè уште сите генерации!

Во неговиот мал град на височина
душа ја остави замина засекогаш,
Гробница негова, соградија
љубовта и по него остана
на посетители со редици да се слеваат
градот никогаш да не умира
Љубеник на негов клуб Синалко
сите да навиваат,
родители и градот
сите љубеници да патаат
зошто негово срце не се враќа
тој живее како Ангел нè чува

Пораки за љубов почит и хуманоста никогаш да не снема.
Останаа дела не завршени
негови песни секогаш
со љубов да се пеат,
нови се делат,
други ги пеат
но негов глас со нас и во нaс се вее
Негов лик како цвет да цвета
Да го полеваме да не свенее.
Во далечна земја
на пат го снема
Господ го зеде го сакаше
од сите повеќе..
Ангел треба да е и таму
да нè потсетува на се што остави
за кратки години на живот
не побудали

Изѕидаа храм за да се собираат
гробница вечна погледи да собира,
со галерија да се потсетувааме
да се гаи почит хуманост и љубов
кон тебе
да има мир во светот насекаде.
Остави места да се не забораваат
негов град на стари
под убава Бушава корија,
музејот Илинден и споменици од
Илинден 1903 да не почиваат на оваа убавина
без посети и градот по тебе да умира.
Љубовта во река на посетители
да се сливаат
Вечна, Ти слава Ангелу наш
на цел Балкан и пошироко
твоите песни оставија траги
љубовта на балони испишани
свеќи се палат, твоите родендени
со солзи се слават,
болките гризат како змија
во секоја душа
немаме мира.
Вечна ти слава твоите пораки
не се заборават
Ќе те сакаме и спомнуваме
а со тебе и по тебе ќе се сплотуваме.
Ангелу наш!!!!

Oд книгата „1200 Молитви“

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели