Следниве мудри арапски мисли се кратки, но многу моќни. За нив не е потребен посебен вовед освен да кажеме дека се многу применливи. Прочитајте ги во продолжение и уверете се сами во нивната мудрост.
1. Заобиколи ги прекумерните приказни, ќе стекнеш мудрост.
2. Немој да се задеваш со луѓето бидејќи ти сè уште не знаеш каква замка може да ти постави блиска личност ниту како може да те изненади лош човек.
3. Најтешките луѓе се оние многу што зборуваат и се себични.
4. Нека смиреноста ја претекне брзината!
5. Држи се до она што ти е од корист, а подалеку од приказните на светот.
6. Чувај ја главата и она што помни, и стомакот со она што е внатре.
7. Исфрли ја лакомоста од своето срце, за да ги одврзеш своите нозе.
8. Пропаднал оној што го продава вечното за минливото.
9. Ако сакаш да убедиш машко во нешто – пријди му со разумот, а ако сакаш да убедиш жена во нешто – пријди ѝ со срце.
10. Кога крадците ќе се искараат – се пронаоѓа украденото.
11. Ако чувеш некој човек да ти го припишува доброто коешто не си го направил, тогаш немој да бидеш сигурен дека нема да ти го припише и злото коешто не си го направил.
12. Кога ќе те нападне приказната, молчењето ќе помогне.
13. Многу правитe добри дела поради тоа што многу грешавате!
14. Најблиски огнови се они коишто лесно се палат!
15. Поправи се прво самиот, па луѓето ќе ти бидат поправени.
16. Испуштање на приликите е неприлика.
17. Исплати го работникот пред да му се исуши поттка на рацете.
18. Помогни му на свјот брат, барем и со гласот.
19. Најдобро спознание е кога човекот ќе се спознае самиот. Најдобро знаење е кога човек не го преминува она што го знае. Најдобра човечност е кога човекот не ја менува водата од своето лице. Најдоброто дело е да се помогне на несреќните.
20. Најдобар човек е оној кој е понизен – а угледен е оној којшто е скромен, а имотен е оној којшто е праведен, а ја има власта во своите раце.
21. Примете го оправдувањето на оној кој се правда.
22. Скривајте ги вашите добри дела исто како што ги скривате и вашите лоши дела.
23. Детето е светилка во куќа без светло.
24. Убавите вести одат додека лошите вести трчаат.
25. Убава особина е да се признае вистината.
26. Сигурноста и безбедноста на едно место потекнуваат од тебе.
27. Деновите се страници затоа внимавајте што пишувате на нив.
28. Ведрото лице е основа за меѓучовечките односи.
29. Потребата за добри пријатели е како потреба за вода.
30. Зависта не се губи освен со смртта на љубоморниот човек или со пропаѓање на она на коешто му завидувал.
31. Вистината е најостар меч.
32. Ахмаклук е кога ќе го изгубиш она што некој паметен го има.
33. Дуњалук е затвор за верници, а џенет за неверниците.
34. Преправањето е обележје на лицемерот.
35. Среќен е оној кој ќе ги поучи другите.
36. Несреќен е оној од кој другите се поучуваат.
37. Злото е лесно, доброто бара труд.
38. Дојките се ризница на тајни, усните се брава додека јазикот е клуч – тогаш секој од вас добро нека го чува клучот од својата ризница со тајни.
39. Пријателот кој си го стекнал со подароци – исто така некој друг ќе го стекне со подароци.
40. Разумен е оној којшто се одалечил од грабеж.
41. Предупредување пред казнување.
42. Правдата е темел на владеењето.
43. Правдата е најјсилна војска.
44. Разумот е она што ти го осветлува патот.
45. Договор е она за коешто мораш да се држиш – не е битно дали е склучен со муслиман или немуслиман.
46. Очите гледаат сè освен самите себе.
47. Лутината – почеток ѝ е лудилото, а крај ѝ е каењето.
48. Завидливиот нема мир.
49. Убавиот збор е милостина (садака).
50. Тој што е уморен – ќе легне на камен да се одмори, додека мрзливиот не може да се одмори ни на чаршав од перје.
51. Човекот барај го под неговиот јазик.
52. Луѓето се рудници на богатсво.
53. Обврската е полесна е од пердуви, а потешка од рид.
54. Самотијата е подобра од расипан пријател.
55. Две нешта не се одвојуваат од лагата: големите ветувања и големите оправдувања.
56. Ако се насладуваш на грев знај дека насладата минува, а гревот останува.
57. За да ја набереш ружата, мораш рацете да ги ставиш во трње.
58. Алах ти дал светло затоа не го гасни со грев.
59. Првиот глас кој го препознаваш е мајчиниот глас.
60. Сепак од мала семка никнално големо дрво!
Прочитајте ги и следниве четири индиски мудрости коишто можат да го променат животот.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.