Skip to content

Чад – Руми

Не слушај ништо што ти кажувам.
Мора да влезам во средиштето на огнот.
Огнот е мое дете, но морам
да исчезнам и да станам оган.
Зошто е задушлив и чади?
Бидејќи дрвата што горат и пламените јазици
сè уште зборуваа едни со други.
„Ти си премногу густ. Оди си!“
„Ти си премногу колеблив. Имам цврст облик“.

Во црнилото пријателиве продолжуваат да се расправаат.
Како скитник без лице.
Како најмоќната птица што постои
и седната на својот костур, одбива да се движи.

„Два света“
Избор и превод Тихомир Јанчовски

Напишете коментар