Христос се роди!

Пристигна новиот глас,

Новата песна, новиот спас.

Зарем сега да дојде во белината на снегот

Кога доаѓа секој ден до срцевината на брегот

На исушените срца

Кои страдаат за милост

За небесен мир

Ангелско восвитение

И продуховен благоудание

Молба само една кон висините

И ќе чуеш небесен ѕвон

Доаѓа празникот на

Духовно родение.

Се роди Спасителот

Целиот свет слави,

Сите луѓе, и големи и мали.

Децата со радост во очите

Коледарски песни пеат

Срцата ни ги греат.

Ние возрасните чекаме

Некој да нѐ води

Да, има еден небесен знак

Христос се роди!

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!