„Божиќна Песна“ од Чарлс Дикенс – Совршена приказна за Бадник и Божиќ

„Божиќна Песна. Во Проза. Приказна за Духовите на Божиќ”,  обично позната само како „Божиќна Песна” е преубава приказна која во шеесетина страни успева да ги дофати и прикаже вистинските вредности на Божиќ и празнувањето. Издадена во 1843 година, оваа книга сѐ уште го плени вниманието на многу читатели и истата приказна секоја година се преработува во нови варијации на филмови и театарски претстави.
Приказната во себе содржи готски елементи и е напишана во период кога Британското општество ги ширело и разгледувало традициите за славење на Божиќ.

Главниот лик е е Ебанизер Скруџ, богат, скржав трговец кој не го почитува Божиќ. Тој, исто како и неговиот починат бизнис партнер Џејкоб Марли, преферира да работи за Божиќ, мрази декорации, Божиќни песни и семејните собиранки ги смета за бесмислени. Но, овој Божиќ за Скруџ ќе биде поразличен. Тој, за Бадник ќе биде посетен од духот на Марли кој ќе му каже дека три духа ќе го посетат истата таа вечер. Тие духови се: Духот на Божиќното Минато, Духот на Божиќната Сегашност и Духот на Божиќната Иднина.
По многу патувања и поуки, Дикенс на крај  ќе му ги покаже на Скруџ вистинските вредности на Божиќ.

„Божиќна Песна“ е класик на светската литература, погодна за деца и возрасни. Ако ја немате прочитано – препорачуваме.

Прочитајте го и написот „Бадник, Божиќ – предвесници на надежта и мирот“ од Ирена Блажеска Дончева

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!