Skip to content

Празник – Сузана Божиновска

  • by

Кога насмеани лица
наоколу гледаш
кога љубовта се шири
со брзина на светлина
Кога секој секого
прегрнува искрено и чисто
Кога семејствата
се заедно
сплотени и среќни
Кога семејната трпеза
е богата не само со храна
туку и со луѓе
Е тогаш е празник…
ПРАЗНИК НА ДУШАТА.

Напишете коментар