Група жаби поминувале низ шумата кога две од нив паднале во длабока јама. Останатите застанале на врвот и откако виделе колку е длабока дупката им рекле на другите две жаби дека нема надеж за нив. Сепак, двете жаби решиле да ја игнорираат групата и започнале да скокаат со цел да излезат од јамата. И покрај нивните напори, останатите жаби им довикувале дека треба да се откажат и дека никогаш нема да излезат од дното.
По некое време, едната од нив, слушајќи ги коментарите на другите жаби кои гледале одозгора, се откажала и умрела. Другата жаба продолжила да скока најсилно што можела. Групата повторно ѝ докрекала да не се мачи попусто, да си ги скрати маките и едноставно да умре како првата жаба.
По многу напор, упорната жаба конечно скокнала високо и излегла од длабоката дупка. Кога го сторила тоа, другите ја запрашале: „Зарем не нè слушна што ти зборувавме?“
Она што не го знаеле е тоа што жабата била глува. Таа за сето тоа време мислела дека групата ја охрабрува да не престане со обидите да излезе од дното.
Поука: Секогаш размислете пред да прозборите зошто некому вашите зборови можат да направат разлика измеѓу успех или пораз, живот или смрт.
Прочитајте ја и приказната за едната нота Зен.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.