Куќата и Вселената – Влада Урошевиќ

Во зимската ноќ куќата останува сама.
Се затвора наоколу, како прстен, небото сиво.
Тоа е пак колиба: покривот е од слама
и внатре огнот е како срце на животинскиот живот.

Некои зборови ги знае само студениот ветар.
Кога би можел тогаш да ја затвориш вратата цврсто.
И, додека ѕвездените ѕверови зимскиот зодијак го плетат,
низ мапата на небото да влечеш со прстот.

Да спиеш, кога би можел, како јаболкото среде зима,
како оревот во лушпата корава да молчиш.
Да се завиткаш, и долг сон да имаш,
во пелените на вселената како в кожув овчи.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!