Кога си слободна како галеб во лет
и не познаваш никаква криза
немаш можност за реприза
ниту пак имаш на подарок цвет.
А душата венее и чемрее в јад
со потoпен брод на сништа,
создава јаве што вришти
за нивната гозба, за сеир глад.
Плачот на утрото без надеж е крик
на можноста да се биде смел
во време на ужас без цел
и нов урбан со насмевка лик.