Ерик Артур Блер (Мотихари, 25 јуни 1903 — Лондон, 21 јануари 1950), познат под писателското име Џорџ Орвел – англиски романсиер, есеист, новинар и критичар. Неговата работа е забележителна поради рационалната проза, социјалната критика, противење на тоталитаризмот и отворената поддршка на демократскиот социјализам.
Како писател, Орвел создал книжевна критика и поезија, фикција и полемично новинарство. Орвел е најпознат по алегоричниот роман „Животинска фарма“ (1945) и дистопискиот роман „1984“ (1949). Неговите дела кои не се фикција вклучуваат „Патот за Виганскиот док“ (1937), каде е документирано неговото искуство со животот на работничката класа во Англија и романот „Во чест на Каталонија“ (1938), која всушност е негов запис за неговото искуство како активен учесник во Шпанската граѓанска војна.
Покрај овие, Орвел има објавено бројни есеи со политичка и книжевна тематика, кои се забележителни во неговото творештво. Во 2008 година, весникот „Тајмс“ (The Times) го рангирал Џорџ Орвел на второто место на списокот на „50 најголеми британски писатели од 1945 па до денес“.
Прочитајте неколку негови цитати кои нема да ве остават рамнодушни:
„Во време на измами, да се каже вистината е револуционерен подвиг.“
„Ако слободата воопшто значи нешто, тогаш треба да им се каже на луѓето тоа што не сакаат да го слушнат.“
„Суштината да се биде човек е да не се бара совршенство.“
„Пишувањето книга е ужасна, истоштувачка борба, како долго тешко боледување. Човек не би се нафатил на такво нешто ако не го гони некој демон на кој не може ниту да му се спротивстави, ниту да го разбере.“
„Можеби човек не сака толку да биде сакан колку да биде разбран.“ (1984)
„Ако сакаш да чуваш тајна, мораш да ја скриеш од себе.“ (1984)
„Секое поколение се замислува себеси како поумно од тоа пред него и помудро од тоа по него.“
„Сите животни се еднакви, но некои животни се поеднакви од другите.“ (Животинска фарма)
„Во ова наше време не постои такво нешто како „држење на страна од политиката“. Сите прашања се политички прашања, а самата политика е еден куп лаги, извртувања, изопаченост и шизофренија.“
„Ако сакаш слика на иднината, замисли чизма стапната врз човечко лице – засекогаш.“(1984)
„Реалноста постои во човечкиот ум и никаде на друго место.“
„Ништо не e ваше освен неколкуте кубни сантиметри од вашиот череп. ”
„Во суштина, луѓето сакаат да бидат добри, но не премногу добри и не цело време.“
„Единственото добро човечко суштество е она кое не е живо“.
„Луѓето можат да бидат среќни само кога не замислуваат дека целта на животот е среќата“.
„Тој носи маска, а неговото лице се зголемува за да одговара на неа“.
„Некои идеи се толку глупави што само интелектуалците веруваат во нив“.
Прочитајте и 14 цитати посветени на зимата којашто веќе пристигна во нашите краишта.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.