Skip to content

27 мотивациони мисли за сите кои бараат работа и за дополнителна мотивација

Мотивацијата не треба да чекаме да ни падне од небо за да ја имаме. Понекогаш таа изостанува од нашите животи, а наше е да се обидеме да ја пронајдеме во себе. Ако сте во потрага по мотивациони мисли кои ќе ви го помогнат процесот, на вистинско место сте. Доколку пак барате работа, пред да тргнете во потрага, подигнете го вашиот ентузијазам и волја преку следниве цитати. Прочијтате ги во продолжение и мотивирајте се!

1. „Падни седум пати, но стани осмиот пат.“– Јапонска поговорка

2. „Она што го можеш денес, не го оставај за утре.“ – Томас Џеферсон

3. „Иднината им останува на оние кои веруваат во убавината на нивните соништа.“ – Елеонор Рузвелт

4. „Луѓето кои не се способни да се мотивираат себеси мора да се помират со својата просечност, без оглед колку се талентирани.“ – Ендрју Карнеги

5. „Дефиниција за лудило е кога постојано ја правите истата работа, а очекувате поинакви резултати.“ – Бенџамин Френклин

6. „Пронајдете нешто што сакате да го правите, а потоа најдете некој којшто би можел и да ви го плати.“ – Кетрин Вајтхорн

7. „Клуч за успехот е во самодовербата. Клучот на самодовербата е подготовка.“ – Артур Еш

8. „Еден од состојките за успех е и патот од неуспех до неуспех, а притоа да не го губите ентузијазмот.“ – Винстон Черчил

9. „Верувајте во себе! Имајте верба во своите способности! Без скромна, но разумна самодоверба не можете да бидете успешни и среќни.“ – Норман Винсент Пил

10. „Ќе ги промаршите 100% од приликите за кои не сте сакале да се обидете да ги искористите.“ – Вејн Грецки

11. „Големите работи обично им одат на луѓето кои се докажуваат на малите работи.“ – Ралф Валдо Емерсон

12. „Секој ден направете барем едно нешто коешто ве плаши.“ – Елеонор Рузвелт

13. „Јас играм. Јас сум овде. И ќе се борам сè додека не ми кажат дека повеќе не сум им потребен.“ – Стив Неш

14. „Не се плашете да згрешите. Не ја губете енергијата за да ги “покриете“ грешките. Учете од своите грешки и прифатете го новиот предизвик. Во ред е да се погреши. Ако не грешите, не напредувате.“ – Стенли Џ.

15. „Ризикувајте: Ако победите, ќе бидете многу среќни. Ако изгубите, ќе бидете помудри.“ – Непознат автор

16. „Приликите не ви се укажуваат често. Кога ќе ви се укаже прилика, зграпчете ја.“ – Одри Хепберн

17. „Не зборувајте ништо за себе коешто не би сакале да се обвистини.“ – Брајан Трејси

18. „Кога една врата ќе се затвори, други врати се отвораат. Но ние толку долго гледаме во оние затворените за да не видиме дека друга се отворила.“ – Александар Грахам Бел

19. „Изберете работа која ја сакате и нема да мора да работите ниту еден единствен ден во животот.“ – Конфучиј

20. „Успехот сам нема да ви дојде. Вие мора да одите кон него.“ – Марва Колинс

21. „Не ми зборувајте дека “небото е граница“ кога отпечатоци од нозе постојат и на Месечината.“ – Непознат автор

22. „Никогаш не е доцна да станете она што би требало да станете.“ – Џорџ Елиот

23. „Сите наши соништа можат да се остварат ако имаме храброст да летаме кон нив.“ -Волт Дизни

24. „Секое искуство во вашиот живот тука е да ве научи на нешто што ќе ви помогне да продолжите понатаму.“ – Брајан Трејси

25. „Верувам во среќа. Искуството ме научи дека колку повеќе работам толку повеќе имам среќа.“ – Томас Џеферсон

26. „Ако нешто не сакате, променете го. Ако не можете да го промените, променете го својот став.“ – Маја Ангелоу

27. „Секојпат кога ќе ве прашаат дали можете да извршите некоја работа, кажете им дека можете. А потоа вработете се и дознајте како да го направите тоа.“ – Теодор Рузвелт

Прочитајте ги и следниве мисли за одговроноста коишто секој возрасен чвоек треба да ги прочита.

Напишете коментар