Skip to content

4 мотиви поради кои писателите пишуваат според Џорџ Орвел

„Секој би требало да научи да пишува добро“, им велел Џош Џонс на студентите за време на часовите по пишување, а и верувал во истото. Меѓутоа пишувањето варира од “пишување“ можеби на истиот начин како што се разликува шетањето на куче од пешачењето по патеките на Апалачките планини. Постојат нивоа на тежина. Колкава потреба имате да кажете нешто коешто никој друг не може или сака да го каже? Колкава потреба имате да ги споделите со светот нештата што сте ги кажале? Овие прашања се одвоени. Некои писатели навистина пишуваат за себе, некои за пари, а некои можеби пишуваат и џабе. Други пишуваат само за одреден резултат додека на некои постојано им е потребна публика. Ова може да биде хиперсексуалност, животински рефлекс или единствен начин да се разбере човечкиот мозок.

Авторот на статијата, склон е кон мислењето дека секој писател којшто ќе го прочита есејот „Зошто пишувам“ (“Why I Write“) од Џорџ Орвел може да се види себеси како дел од неговиот опис од неговиот ран живот. „Јас бев на некаков начин осамен“, ни вели, „И наскоро развив “непријатни“ навики коишто ме направија непопуларен во текот на моите училиштни денови. Ја имав таа детска (осамена) навика да смислувам приказни и да разговарам со моите замислени личности. Мислам дека од почеток моите литературни амбиции беа помешани со чувства на осаменост и омаловаженост“, напишал Орвел.

Можеби сите ги имаат ваквите чувства, но повторно станува збор за постоење на степен. Вака даденото енергично разбирање на писателскиот ум одвнатре кон надвор, и неговата внимателна активност во текот на времето кога најмногу се обидувал, може да го разбереме кога тврди дека “по секоја цена постојат четири големи мотиви за пишување на проза“. Орвел признава дека овие мотиви можат да бидат измешани, постоејќи “во различни степени во секој писатаел и во оној чиишто размери ќе варираат повремено, според атмосферата во која тој живее.“

Но не секој кого можеме да го наречеме писател, според Орвел, пишува единствено за полза или пари. Наградите се премногу својствено психолошки, како што се и напорите. И задоволствата исто така спиритуални (духовни) и речиси бескорисни. Орвел започнува со оние психолошки компензации, слава која води до задоволство потоа од должност до потомство и накрај до уверување. Четирите мотиви т.е. причини поради кои писателите пишуваат според Орвел прочитајте ги во понатамошниот текст.

1. Целосен егоизам

Под целосен егоизам ги смета: потреба да се изгледа паметно, “да се биде зборуван“, „да се биде запомнет после смртта“, „да им се одмазди на возрасните кои давале укори во детството“ итн. Неискрено би било да се правиме дека ова не е мотив, и тоа силен. Писателите ги делат овие карактеристики со научниците, уметниците, политичарите, адвокатите, војниците, успешните бизнисмени – накратко, со луѓето од највисоката класа во општеството. Поголемиот дел од човечките битија вусшност не се себични. После триесеттата година тие речиси целосно го губат чувството за индивидуалност. Живеат главно за другите, или едноставно се придушени од тешката работа. Но постојат и луѓе во малцинство кои се надарени, упорни, решителни да ги живеат нивните животи докрај и писателите спаѓаат во оваа класа. Сериозните писатели општо земено се повообразени и посебични (насочени кон себе) отколку новинарите меѓутоа помалку заинтересирани за пари.

2. Уметнички ентузијазам

Перцепцијата за убавина во надворешниот свет или од друга страна во зборовите и нивното правилно распоредување е дел од уметничкиот ентузијазам. Задоволството од влијанието на еден глас врз друг, во формирањето на добра проза или на ритамот од добра приказна. Желбата да се сподели искуството за коешто некој чувствува дека е значајно и не треба да се пропушти. Уметничкиот мотив е многу незајакнет кај многу писатели, но дури и пишувачот на летоци или прирачници ќе има често користени зборови и фрази коишто му се припишуваат за непрактични причини или тој е ентузиистички насочен кон типографијата, ширината на маргините итн. Ниедна книга не е сосема ослободена од уметнички разгледувања која е над нивото на брошура од железничка линија.

3. Историски импулс

Копнеж да се гледаат нештата какви што се, да се откријат вистинските факти и вклопат во корист на потомците.

4. Политичка цел

Користејќи го зборот “политички“ во неговата најширока возможна смисла. Потреба да се турне светот во одредена насока, да се промени идејата на луѓето за какво општество би требало да тежнеат потоа. Уште еднаш, ниедна книга не е вистински ослободена од политички мислења. Мислењето дека уметноста нема ништо поврзано со политика само по себе е политички став.

Разбирливо, некој можеби ќе предложи други, но можеби сите други причини би припаднале во овие категории. Ниту овие мотиви се согласни, “тие мора да бидат во војна една со друга“, пишува Орвел. Читателите тежнеат да го потпомогнат постоењето на конфликт, прогласувајќи ги историските мемоари како производи на чист егоизам и одбиваат да ги читаат бидејќи се премногу “политички“ романи.

Изненадувачки, Орвел открива дека можеби тој би го направил истото ако ги немал тие околности. „Во помирен век можеби би напишал накитени или единствено дескриптивни книги и можеби ќе останев речиси несвесен за моите политички приврзаности“, напишал тој. Но, кој живее во мирен век? Во секој случај, можеби би се запрашале дали тој е целосно искрен. „Што ако во последниве десет години најмногу сум сакал политичкото пишување да го претворам во уметност? Мојата појдовна основа секогаш е чувство на фанатична приврзаност, чувство за неправедност“.

Орвел признава дека неговата задача “не е лесна“, и нуди безмилосни примери за периоди кога неговото пишување напреднало многу понапред од еден од спектарот во којшто самиот се сместува. Она што е корисно за разбирање на неговата конструкција на мотивите, е дека тој има вештини за себе-коригирање. Ваквото самоосознавање секому може да му послужи и да му биде од полза. За писатеилте кои се принудени да се разоткриваат себеси постојано, ова може да биде неопходно.

Josh Jones (Open culture)

Напишете коментар