Во римската митологија, Кармента била божица на породувањето и пророштвото, поврзана со техничките иновации како и заштитата на мајки и деца. Таа била заштитник на бабиците.
Името Кармента потекнува од латинскиот збор кармен, што значи магија, пророштво или песна, а исто така и коренот на нашиот збор шарм. Нејзиното прво име било Никостратa (грчки: „војска-победа“), но подоцна било променето за да се оддаде почит на пророштвата (латински еднина: кармен). Таа била мајка на Евандер од Пален (кој го добила со богот Хермес) и заедно со другите грчки следбеници го основале градот Палантиум од каде подоцна се основал денешниот град Рим.
Изумителка на латиницата
Гај Јулиус Хигинус ја спомнува легендата во која се вели дека токму таа променила петнаесет букви од грчката азбука и ја напишала латиницата и која нејзиниот син Евандер ја донел во Лациум. Кармента била една од Кармените и била Кимериска Сибила. Водачот на нејзиниот култ бил наречен “фламен карменалис“ (flamen carmentalis).
Градот Палантиум бил основан на Тибер од страна на кралот Евандер и неговата мајка Кармента во 1320 година п.н.е. Тоа се случило шеесет години пред да почне Тројанската војна. Темелите за големиот град кој требаше да стане Рим ги поставила самата Кармента. Таа ги донела земјоделството, поезијата и музиката за дивата раса која живеела во тоа време во Италија. Забрането било да се носи кожа или други облици на мртва кожа во нејзиниот храм што се наоѓал веднаш до Порта Карментис во Рим. Нејзиниот фестивал, наречен Карменталиа (Carmentalia), првенствено го славеле жените на 11 и 15 јануари.
Запаметена е по De Mulieribus Claris, збирка биографии на историски и митолошки жени од фирентинскиот автор Џовани Бокачо, составена во 1361-62 година. Забележана е како прва збирка посветена исклучиво на биографиите на жените во западната литература.
Прочитајте и за Митот за Хермафродит, бог на бракот.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.