Skip to content

„Дали си изгубен во светот како мене?“ (Кратка анимација којашто го отсликува светот)

„Дали си изгубен во светот како мене“ е насловот на следнава кратка анимација којашто го претставува денешниот свет. Ми ја испратија пред малку, штом ја изгледав посакав да ја споделам со сите што го следите блогот. Анимацијата е објавена на јујтуб во 2018-та година, а оттогаш речиси ништо не е сменето освен што носиме маски и е пандемиско време.

Во краткото, но реално и тажно видео ќе се пронајдат многумина. Ние ќе се запрашаме: „Во каков свет живееме, дали ваков свет сакаме да им оставиме на идните генерации?“ и „Каде отиде светот?“. Прашањава бараат исрцпни одговори, а пред да си ги одговори секој индивидуално, погледнете ја анимацијата.

За сите коишто некогаш се почувствувале изгубено/и, не сте сами бидејќи многу луѓе се почувствувале така барем еднаш. Срцепарателни “моменти“ во времетраење од 3 минути. Креатор на анимацијата е Steve Cutts.

Погледнете го и краткиот филм „Потрагата по среќа“.

Напишете коментар