Skip to content

Сон – Маја Малиновска

Го отворив ѕидот од внатре

Каде немаше прозорец

Имаше само клуч од срцев мускул

Надвор те немаше.

Те барав во Сонцето,

Но, во Месечината тe најдов

Ѕвездена ноќ беше, бистра како река

Која се влева во моето срце.

Ја зграпчив Месечината и ја здробив.

Никој веќе не ротираше околу Сонцето.

Лежеше до мене, во месечеви ронки.

Железни, ладни како црна ноќ.

Но, јас бев твое Сонце.

Те стопив и те проголтав со очиве.

Сонцето и Месечината се прегрнаа

Во мојот сон.

Којзнае дали ќе те погледам

Кога ќе се разбудам?

Напишете коментар