Skip to content

Емоција на платно – Јелена Ѓиноска

  • by

Долго ја набљудуваше
Низ маглата што животот ја носеше
Секој нејзин гест
Секоја нејзината насмевка и болка
Додека конечно не посегна по своето платно
за да ја насликаш
Со горко каење дека никогаш
нема да ја доловиш вистинската слика

Можеби нема да ја видат како ти што ја гледаш
Нема да ја доживеат како што ја доживуваш ти
Подоцна се покаја некаде при крај на делото
Знаеше дека ако влезеш да пливаш,
ќе мораш да одиш и во најдлабоките темни води
Ќе те повлече, ќе те извади на отворено
Со сите твои мани и падови
А ти сепак не си спремен
Не сега си велиш
Можеби за година до две
Но повторно заигрува паранојата на твојата сцена

Што ако ја заборавиш нејзината појава
или го изгуби сјајот?
Или сепак уште полошо што ако таа се научи
да не го чуствува твоето присуство како ја демнее во ноќта?
И пронајде друг кој ќе воздивнува на нејзината убавина?

Додека тивки воздишки бегаат измеѓу усни
и оставаат топли облоги
И додека срцето силно чука и трепери цело тело
Сепак го допираш мастилото
Сакаш да ја запаметиш
Да те прогонува нејзината слика до крајот на животот
Да го чуствуваш нејзиното присуство дури и кога е далечна
Сам си даваш смртна казна
За гревови што биле и не биле
За гревови кои допрва треба да дојдат

Потпишуваш доле некаде на долниот дел од делото
и го гледаш твојот потпис на нејзиниот лик
И од тогаш знаеш
Знаеш дека го даде потписот на ѓаволот за твојата душа
Потпиша каде ќе оди
Кај неа
Па се молиш на сите Богови и ангели да се смилуваат
Да оставила потпис и таа негде длабоко
во својата душа за тебе
За да те избави од пеколот

Затоа што знаеш дека зад нејзините ѓаволски игри
се крие земјен ангел, кој може да те избави од пеколот
Затоа што таа таму била и се вратила
Со светлина.

Напишете коментар