Skip to content

Знам дека ќе се јавиш

Знам дека ќе се јавиш

Ќе кажиш дека сакаш, сакаш да одиме во неповрат

Онаму каде одат птиците непреселници

Онаму каде одат невозвратените страсти

Онаму каде одат солзите кои не се враќаат во срцето

Онаму каде плаче среќата.

Ќе плачеме среќни

И солзите ќе се слеваат во воздухот

За да можат птиците да ги фатат

Со клунот за да ги однесат во земјата на соништата

Каде ќе потечат во реки сребрени

И ќе не однесат во морето на сеќавањата

Ќе ги пееме неиспеаните песни

Ќе се милуваме со неизбакнатите бакнежи

Ќе се заљубуваме повторно и повторно

Сè додека љубовта стане нељубов

А погледот го изгуби сјајот

И стане недоглед

Стане неповрат.