На тесната врата на работ сме сами
и пееме гласно тажаленка кратка.
Не сум јас алчна, ами мала и слатка
со поглед што од тебе насмевки мами.
Кога усни гризеш, стискаш и боли
па се кине срцето на парчиња сто.
Кој еднаш го кудиш, не го моли,
тоа е на човечноста најдлабоко дно.