Занимливости и занимливи факти за нашите очи

Човечките очи се едни од најкорисните органи кои се наоѓаат во/на човечкото тело. Очите секојдневно ни ги олеснуваат задачите како на пример навигација или собирање информации. Честопати не го цениме доволно својот вид ниту па многу размислуваме за него. Во продолжение следуваат занимливите факти за очите кои ќе ве натераат да го цените овој неверојатен орган.

Очите во текот на борба во Рим

Изразот: „Сè е забава и игра додека некој го изгуби окото“ доаѓа од Рим. Уште во стариот Рим крвавите мечеви за мечување биле многу популарни. Традиционално немало правила според кои играчот би требало да се води. Единственото правило било воспоставено некаде во текот на оваа ера. Правилото се состоело во забраната од вадење очи.

Што е албинизам?

Албинизмот влијае на лачењето меланин. Оваа состојба е вродено нарушување кое се карактеризира со недостаток на пигментација на кожата, косата и очите кај луѓето. Научниците веруваат дека ова е причин за дополнителната чувствителност на светлина и појава на црвени очи.

Правилото 20-20-20 може да им помогне на вашите очи

Ова правило посебно важи кога со часови седиме пред екраните и работиме на компјутер. Правилото подразбира дека на секои дваесет минути треба да гледате во нешто оддалечено дваесет метри во времетраење од дваесет секунди. Следењето на оваа техника генерално на луѓето им помага да го спречат напрегнувањето на очите. Исто така е одличен потсетник луѓето повремено да прават пауза.

Колку трепкаме во период од една година?

Трепкаме околу 4 милиони пати годишно. Поконкретно во просек годишно луѓето трепкаат околу 4.200.000 пати. Тоа е 12.000 пати дневно.

Сродството и синооките луѓе

Синооките луѓе се во сродство. Се верува дека секој човек со сини очи дели заеднички предок со секој друг човек во светот кој има сини очи.

Очите многу брзо закрепнуваат

Ако имате мала гребнатика на рожницата, таа може да се излечи во рок од 48 часа со соодветна нега.

Дијабетесот може да доведе до слепило

Дијабетичарската ретинопатија е состојба на окото која предизвикува губење на видот и слепило. Ова може да им се случи на луѓето кои имаат дијабетес. Во Англија ова е најпрва и водечка причина за слепило кај возрасните.

Премногу цврстото врзување на вратоврска може да предизвика глауком

Според истражувањата, ако вратоврската ја стегнете премногу црвсто тоа може да го зголеми ризикот од глауком кај мажите. Премногу цврстото врзување може да го зголеми притисокот во окото којшто пак е водечки ризик за добивање на оваа болест.

Тестови за око може да откријат здравствена состојба

Докторите можат да ја откријат здравствената состојба како што се дијабет и висок крвен притисок во текот на тестирањето вид. Докторот тоа може да го открие со набљудување на крвните садови во вашата мрежница. За мрежницата се вели дека е добар предиктор за здравјето на крвните садови во целиот систем на нашето тело.

Децата со плави очи и родителите

Вашите деца можат да имаат сини очи дури и ако во фамилијата никој нема. Рецесивните особини како што е бојата на очите може и понатаму да се појави во подоцнежните генерации и покрај недостатокот на присуство во претходните генерации.

Костенливата боја е најчеста боја на очи

Отприлика околу 79% од популацијата има костенливи очи. Втора најчеста боја е сина, со 8-10%, а следната е килибарна (зелена) или лешникова боја со 5%.

Ретки бои на очи

Некои ретки бои на очи кои луѓето ги имаат се црвена, виолетова и сива. Нашите две очи ни овозможуваат да имаме перцепција за длабочина. Научниците откриле дека ако имаме две очни јаболка постојано споредуваме две слики одеднаш. Овие слики ни овозможуваат да одредиме колку некој објект е оддалечен од нас.

Пушењето цигари влијае на видот

Пушењето може да ја намали способноста правилно да ги гледате предметите во мрак. Тоа е така бидејќи пушењето има штетен ефект кој може да доведе до влошување на ноќниот вид.

Нашите очи имаат слепи точки и многу делови

Слепите точки се наоѓаат на местото каде што оптичкиот нерв минува преку мрежницата. Овде нашиот мозок користи информации од другото очно јаболко за да ја пополни празнината. На оваа локација нема фоторецептори, па затоа нема детектирање слики во оваа област. Истражувањата покажале дека човечкото око содржи над два милиони работни делови за фунцкионирање.

Не е возможно да се направи трансплантација на очи во овој момент

Поради количината на оптичките нерви во нашите очи моментално не е возможно да се направи трансплантицја поради чувствителноста на нервите. Можеби со подобра медицинска технологија во иднина ова би било возможно.

Едното око е секогаш појако од другото

Ова се нарекува анизометропија која мозокот го поттикнува да го фаворизира едното око во однос на другото бидејќи испраќа подобри слики и информации.

Бувовите не можат да ги поместуваат очните јаболка

Ова го објаснува начинот на којшто ја вртат главата за подобро да гледат. Исто така тие се во состојба главата да ја свртат докрај.

Очните мускули се неверојатно силни

Мускулите што се наоаѓаат во човечкото тело се околу 100 пати посилни отколку што е потребно за извршување на своите функции.

Можеме да гледаме само 3 бои

Според едно истражување, научниците откриле дека ние можеме да ги гледаме само црвената, зеланата и сината боја. Сите други бои што ги гледаме се само мешавина од овие бои.

Вилинското коњче има повеќе леќи

Вилинските коњчиња имаат 30.000 леќи во очите. Ова во голема мера им помага во детекција на движењата што ги прави многу потешки за  да бида убиени од предатори.

За разлика од човечките очи, очите на камелеоните се независни

Ова го објаснува сознанието дека камелеоните се способни да гледаат во два одвоени правци истовремено. Камелеонот ја користи оваа монокуларна визија за да го улови својот плен. Кога ќе го дофати пленот, двете очи се фокусираат на таа точка.

Очите од ајкулите се користат за човечки операции

Попрецизно, рожницата од ајкулите се користи во текот на оперирање на луѓето. Бидејќи рожницата од ајкулите има најслична рожница како кај луѓето. Ајкулие можат да гледаат во мрак благодарение на очното ткиво. Ова е истиот материјал кој овозможува очите на ајкулите да светата во мракот.

Новородените бебиња не можат да произведат солзи

Тоа е така бидејќи новородените бебиња уште не излачуваат солзни жлезди. Вообичаено ите се развиваат во период од две недели до два месеци. Постојат и случаеви во кои бебеињата имаат затворени солзни канали кои го спречуват ослободувањето на солзи.

Контактните леќи не можат да се изгубат во вашите очи

Не е возможно да се заглават поради структурата на човекото око. Ниеден предмет не може да се слизне во задниот дел од окото поради мускулите кои го штитат очното јаболко. Ако се случи да ја изгубите контактната леќа, едноставно нанесете раствор за контакрни леќи и нежно масираје го очното јаболко со затворени очи.

Прочитајте ги и следниве занимливости за човечката психа.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели