Кога низ цутот и росата
на твојте усни полни страст
кон мене дише розата,
моиве усни желни за сласт
на бакнеж врел поцрвенуваат
и ме покриваат со слатката власт
на копнежот и ме залудуваат
кога врз тебе се наведнуваат.
Зошто сокот на бакнежот се лее
љубовните огнови што ги грее
пламенот на твоите очи.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.