Гласот на современите руски писатели против војната во Украина

Људмила Улицка: Болка. Страв. Срамота.

На 24 февруари 2022 година започна војната. Мислев дека мојата генерација, родена за време на Втората светска војна, имала среќа и дека ќе го проживееме животот без војна, сè до смртта, која ќе дојде, како што е ветено во Евангелието, „мирно, безболно и достоинствено“. Не. Се чини дека нема да испадне така. И не знаеме во што ќе се претворат сите тие настани од тој драматичен ден. Лудилото на еден човек и нему предадените помагачи управува со судбината на државата. Може само да се претпостави што ќе се пишува за тоа во учебниците по историја за педесет години.

Болка, страв, срам – ова се чувствата на денешницата.

Болка – затоа што војната удира по живото – по тревата и дрвјата, по животните и нивните потомци, по луѓето и нивните деца.

Страв – затоа што тоа е општ биолошки инстинкт насочен кон зачувување на сопствениот живот и животот на генерацијата.

Срам – затоа што тоа е очигледна одговорноста на владата на нашата држава во создавањето на оваа ситуација која носи големи катастрофи за човештвото.

И сите ние, современиците на овие драматични настани кои не умеевме да ја предвидиме и запреме војната, одговорни сме за она што се случува. Неопходно е да се запре војната која секој миг се’ повеќе се разгорува и да се даде отпор на пропагандните лаги кои се шират врз нашето население преку масмедиумите.

Текстот е објавен во рускиот весник Новаја Газета

Владимир Сорокин: Падна маската на „просветениот автократ“

Власта во Русија е организирана на пирамидален принцип, создаден уште под Иван Грозни, пишува Сорокин: „Власта мора да биде силна, сурова, непредвидлива и неразбирлива за луѓето. Луѓето не смеат да имаат друг ниеден друг избор освен да ѝ се покоруваат и приклонуваат. И на врвот од таа мрачна пирамида седи еден човек – еден човек кој поседува апсолутна власт и право на сè.“

Таа пирамида во водачите ги исчитува нивните најмрачни квалитети како Единствен прстен, смета писателот, наведувајќи го примерот на Борис Елцин, кој, откако ја започна својата кариера како демократ, подоцна „стана насилник, хулиган и алкохоличар“: „Како руски цар во Чеченија испрати тенкови и бомбардер, осудувајќи го чеченскиот народ на смрт и страдање“. Без оглед на очекуваните промени, Елцин не ја уништи Пирамидата на власта, туку само „ја облепи со шарени билборди со ветувања за западно богатство“, пишува Сорокин.

Владимир Путин не одлучи да го врати целото руско општество во Советскиот Сојуз – периодот на неговата младост, смета Сорокин. „Идеологијата на путинизмот е сосем еклектична; во неа, почитувањето кон советското оди рака под рака со феудалната етика, Ленин ја дели ложата со царска Русија и руското православие“ – писателот ги опишува ставовите на Путин, наведувајќи го омилениот филозоф на претседетелот: монархистот и антисемитист Иван Иљин, кој го поздрави доаѓањето на власт на Адолф Хитлер како човек кој може да го „докрајчи болшевизмот во Германија“. „Иљин во своите написи се надеваше дека по падот на болшевизмот, во Русија ќе се појави голем фирер, кој ќе ја крене државата од колена“, истакнува Сорокин.

Според писателот, по објавувањето на „воената специјална операција во Украина“, од Путин дефинитивно падна маската на „просветлен автократ“. За фактот дека маската стоела толку долго Сорокин ги обвинува западните лидери, кои му простија на Путин за операцијата во Грузија, за анексијата на Крим и за признавањето на независноста на Луганската Народна Република и Доњецката Народна Република,: „’Новиот руски цар’ за нив беше нешто како руса вотка и кавијар: нешто што оснажува и ја подига виталноста!“

На крајот, Путин го покажа своето КГБ-воспитување – не само аверзијата кон „нормалните луѓе“ како потрошлив материјал, туку и „главниот принцип на чекистите – ниеден збор не смее да биде вистина“, пишува Сорокин. Претседателот ги крие своите вистински навики, роднините и приватниот живот и како резултат на тоа ја напаѓа слободната и демократска држава само затоа што е демократска и слободна.

„Една работа сега стана јасна: со оваа војна Путин ја премина линијата – црвената линија. Маската падна, оклопот на ‘просветениот автократ’ се распадна. Сега сите западњаци, кои симпатизираа со ‘силниот руски цар’, мора да замолчат и да станат свесни дека во Европа во 21 век започна голема војна. Агресорот е Русија на Путин. Тоа на Европа нема да ѝ донесе ништо освен смрт и уништување“, заклучува писателот.

Текстот е објавен во Русија на независниот ТВ канал и портал Твраин. Текстот првично беше објавен во британскиот Гардијан.

Лев Рубинштајн: Ова е вистинска војна

Таквите зборови, како „нацизам“ или „фашизам“, кои светот ги воведе по Втората светска војна, постепено почнаа да го губат своето првобитно значење. И, целосно лишени до денес од каков било семантички набој, тие зборови почнаа да се користат целосно инструментално како наводно силни и убедливи реторички фигури…

Ако зборовите на рускиот претседател дека „задачата на воената операција е денацификација и демилитаризација на Украина“ ги преведеме на кој било од јазиците чии говорители не изгубиле допир со реалноста, кај нормалнио современ цивилизациски човек веднаш ќе се развие она што во психологијата се нарекува „когнитивна дисонанца“. Тој веднаш ќе се посомнева или во психичката нормалност на оној што тоа го изговара, или во сопствената нормалност.

Како може да се разбере од гледна точка на класичната логика дека „мирната Русија“ ја нападна „фашистичка Украина“ со цел да ја „демилитаризира“ и „да ја заштити сопствената безбедност“? Ова може да се разбере само ако се земе предвид дека во политичкиот речник на модерна Русија зборовите не го значат она што го значат во академските речници, и дека многу често имаат сосема спротивно значење.

Како може да се разбере од гледна точка на класичната логика дека „мирољубивата Русија“ ја нападна „фашистичка Украина“ со цел да ја „демилитаризира“ и „да ја заштити сопствената безбедност“? Тоа може да се разбере единствено ако се земе предвид дека во политичкиот речник на модерна Русија зборовите не го означуваат она што го значат во академските речници, и дека многу често имаат сосема спротивно значење.

Единственоста на нашата историја е во тоа што главните настани секогаш се разоткриваат во просторот на јазикот – речиси единствената реалност во не многу реалниот руски живот. И секогаш сè се повторува. Меѓутоа, не, нема да речеме дека се повторува, туку дека се римува. Па, римата не е повторување, римата е созвучност. Затоа, никогаш ништо не се повторува буквално. Еве, да речеме, само неодамна се плашевме дека уште еднаш гласно ќе го изговориме зборот „војна“. Поточно, таа, наспроти тоа, самата се изговараше. Но, „војната“ беше само една. Онаа – Втората светска. А други војни немаше. Од тогаш до денес. Постоеше, меѓутоа, и уште една необјавена војна и таа траеше вечно. Населението на државата отсекогаш било поделено на два нееднакви дела.

Едниот – секогаш помал – упорно подлоста ја нарекуваше подлост, кукавичлукот – кукавичлук, глупоста – глупост, а фашизмот – фашизам. Другиот, поголеми, повлијаен од официјалната реторика, подлоста ја нарекува патриотизам, кукавичлукот – потреба од калкулирање на околностите, директната агресија – заштита на сопствената безбедност, а стремежот на народот и заедницата кон слобода и отвореност – нацизам. И таа војна, лингвистичка војна, војната за значењата на зборовите и поимите, беше и остана главна недовршена граѓанска војна. Ете и таа војна, која веќе петти ден се случува во Украина пред очите на целиот свет, исто така не се нарекува војна. Тоа се нарекува „воена операција“. Но, се работи за баш вистинска војна. И потребно е да се запре. Како? Како знаеме, но по секоја цена. И треба да мислиме за тоа, сите заедно, но и секој посебно.

Текстот е објавен на независниот портал на радио станицата Ехо.

Борис Акуњин: Со Русија управува болен диктатор

До самиот крај не можев да верувам дека Путин ќе ја започне оваа апсурдна војна – и згрешив. Отсекогаш сум верувал дека на крајот ќе победи разумот – и згрешив. Победи лудилото. Гинат луѓе, тече крв. Со Русија владее психички болен диктатор и, што е уште пострашно, таа покорно ја следи неговата параноја. Знам дека Путинленд и Русија не се едно исто, но сега за целиот свет нема разлика. Ужасно ми е поради Украинците. Ужасно ми е поради одговорните Руси кои се под власт на манијаци. Исто така ми е ужасно и поради измамените Руси кои сега ќе ликуваат.

На 24 февруари 2022 година за сите започна нова ера. Ужасна ера. Колку долго ќе трае и колку жртви ќе однесе?

Текстот е објавен на порталот Сноб

Извор

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели