Напишана по повод 8 Март
Една ружа
Која што никогаш не старее
И румот на црвенилото не и бледее
Во длабочината и е ехото на вредноста
А во појавата и е гласот на уникатноста!
Една ружа
Која во секојдневието истиот сјај го носи
И во радоста и во болката таа кон надежта исправено стои!
И очите нејзини како птици на гранката доаѓаат!
Образите како охридски пауни до изворот на душата се приближуваат!
И ливчињата на срцето светото го опкружуваат!
Во благопријатниот мирис на љубовта го чуваат!
Една ружа
Која танцува низ земните денови, а името и стои во Божјите замисли!
Месеците не и се граници
Ниту пак сезоните од сегашноста последни станици!
Една ружа
Како тебе е…
Боја на уметникот
Виолински клуч на композиторот
Нова страна на писателот
Подарок од Создателот!
Една ружа
Како тебе е…
Ветар во едрата
Дожд во пустината
Незаменливиот цвет во градината
Потсетување на убавината!
Една ружа
Како тебе
Која никогаш скапоценоста не ја губи
И денес и утре истата во посебноста ќе исплови!