Света молитва – Илија Карајанов

Ухна
во раната
што ја лекува
Времето,
а не може
да ја извлекува

Ухна во зборовите:
и би песна
Тајна прелесна

„Две подигнати веѓи
– две рими“

Свелина
што сè уште
ги нема отворено
своите очи…

Една библиска ноќ
сонува Зорници
и ја слуша твојата моливта:
Пеам благослов
и проклетсвто
а мислам
живот“

Граници во сонот (2017)

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели