Следниве тажни, но вистинити факти нè растажуваат и ни покажуваат дека допрва имаме што да научиме. Велат дека незнаењето било блаженство. Мислите дека би сакале да знаете за сите тажни реалности во светот, сè додека не ги дознаете. Без оглед дали проблемот е од хуманитарна природа, еколошка или друга, тој создава чувство на безнадежност токму кога ќе сфатите дека не можете многу да направите за да помогнете. Во повеќето случеви не може да се направи ништо, а во некои добро е да го дадеме својот придонес. Следи листа на тажни, но вистинити факти кои тераат на размислување.
1. Изумирање на јазиците
Постојат над 2.500 древни јазици кои веќе изумреле или им се заканува опасност засекогаш да бидат заборавени.
2. Китот кој е најосамен на светот
Во 1992 година научниците откриле кои се најосамени суштества на Земјата. Се работи за кит кој веќе две децении го повикувал партнерот. Китот комуницира на фреквенција што не ја користи ниеден друг кит и досега не добил одговор.
3. „Среќен ми роденден“
Два роботи за истражување на Марс, наречени Љубопитност (Curiosity) и Можност (Opportunity) биле на Марс. Тие живеат на спротивните страни на планетата, така што никогаш нема да налетат еден на друг. На својата година од постоењето, Curiosity бил програмиран сам себе да си ја отпее песната за „Среќен роденден“.
4. Егизстенцијална криза
Стив, К5 безбедносен робот, лутал по крајбрежјето на Џорџтаун и Вашингтон. Во јули 2017, извршил самоубиство тркалајќи се во водата. Фановите му направиле мал споменик на Стив со “селфињата“ што ги снимиле со роботот и цвеќиња. Стив би можел да биде повторно вратен во акција.
5. Една школка
Во 2006-та година, тим од научни истражувачи на Исланд собирал школки за да ги проучи ефектите од климатските промени. Тие ги замрзнале школките, а ова накрај ги уништило. На крајот ја убиле и најстарата школка која сè уште останала жива, под назив Минг, а имала 507 години.
6. Смртоносно оружје
Кога некој има пиштол во својот дом, 22 пати е поголема веројатноста за да го употреби оружејто за самоубиство или случајно пукање, а не за одбрана од крадец или криминалец.
7. Сурови кукавици
Кукавиците ги положуваат јајцата во гнездата од други видови. Ова ги залажува мајките птици да ги нахрана пилците кукавици кои многу брзо растат и се дебелеат. Набрзо стануваат толку големи што успеваат да ги избркаат од гнездото вистинските пилиња.
8. Шопинг при осаменост
Истражување од Холандија покажало дека луѓето коишто се зависни од пазарување се всушност осамени. Тие купуваат бидејќи се обидуваат да ја пополнат празнината од осаменост, но пазарувањето само предизвикува да се чувстуваат уште поосамено.
9. Луѓе кои се жедни
Милијарди луѓе или живеат во области без пристап на вода или живеат во области каде што може да се купи вода, но едноставно не можат да си го дозволат тоа.
10. Осамено новороденче гризли
Ако некое гризли има едно новороденче, мајката понекогаш го напушта бебето. Тие повеќе сакаат да имаат повеќе новороденчиња во леглото и следната година повторно се обидуваат да се парат.
11. Избирање панда
Панда мечките имаат спротивен проблем од гризлите. Ако пандата има повеќе од едно новороденче, често не може да се грижи за две бебиња и мора да избере едно за да преживее.
12. Донирање не поради хуманост туку од лични причини
Универзитет во Кент направил една студија која покажала дека повеќето луѓе донираат во добротворни цели само поради чувството кое прави да се гледаат себеси како добра личност.
Можеби ќе ве интересираат и следниве факти и занимливости за графитите.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.