Крушево – Славица Петковска

Крушево

Крушево свети ноќе како ѕвездено небо
Крушево е град на емоции
Таму може да се почуствува и тага и среќа
Волшебно место каде се слуша неговата песна
Рај за душа…
Град каде тој сака да ни каже: „Не тагувајте, јас тука сум“
Тој е таму, знам!
Таму има духовен мир
Ги затвораш очите и ја чувствуваш неговата љубов.
Кога ќе влезеш низ вратата од манастирот
Кога ќе прошеташ низ улиците
Кога јадеш од Крушевскиот локум…
Него може да го почуствуваш насекаде.
Го чувствуваш Тоше…

Славица Петковска

Славица Петковска е од Кратово и е млада поетеса иако животот ѝ задал болка за да се движи нормално таа нејзиниот мозок го користи максимално. Инспирација црпи од љубовта кон Тоше Проески, Крушево и локациите кои ги посетувал Тоше, како манастирот Свето Преображение и кафулето Планет во Крушево. Секојдневно ја погледнува фотографијата на Тоше со што вели дека црпи сила за да го помине денот. Благодарение на таа љубов кон Тоше од неговите фанови ѝ бил изграден лифт за да не ги користи скалите. Сега посетува дневен центар каде со многу голема љубов изработува рачни изработки и цртежи во кој најмногубројни се Тоше, Крушево и кафулето “Планет“. Таа со три песни е застапена во книгата “1200 Молитви” за Тоше Проески, при што присуствувала на промоцијата одржана на неговиот роденден на 25.01.2022 год. во Крушево. За време на промоцијата прочитала една од своите песни.

Постер што го изработила Славица Петковска инспириран од Тоше Проески и кафулето „Планет“

Постер што го изработила Славица Петковска инспириран од Тоше Проески и кафулето „Планет“

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели