Skip to content

Љубивоjе Ршумовиќ – Телефонијада

Љубивоје Ршумовиќ (Љубиш, 3 јули 1939) е српски поет. Познат е по својата поезија за деца. Претседател е на советот на Меѓународниот фестивал на театри за деца кој се одржува во Суботица. Од 38 години работен стаж 18 ги поминал во Радио-телевизија Белград, потоа 4 години во издавачкaта куќа „Книжевен весник” (српски „Књижевне новине”) и 16 години во театарот „Бошко Буха”. Добитник е на голем број на книжевни награди и признанија. Добитник е и на меѓународната награда за животно дело “Мали принц” (2006), која Меѓународниот фестивал на театри за деца во Суботица ја доделува за исклучителен придонес во развојот на културата и сценската уметност за деца.

Телефонијада

Насред друмот царски свечен
Прашумата што ја сече
Се сретнале еден бел слон
И еден црн телефон
АЛО рече слонот
АЛО рече телефонот
КОЈ е праша слонот
КОЈ е праша телефонот
И така до бескрајност
Ни командирот на шумската стража
Сиот збунет не ми кажа
Дали слонот телефонира
Или телефонот слонира

(препев Ефтим Клетников)

Напишете коментар