Skip to content

Битола

Под Пелистерските очи се надгледува твојата убавина
Во бистрите речни сливови кои се влеваат во твоето срце
Во старата чаршија ги полева водите на жарките ибрици на казанџиите
Ги прави најубавите лимонади со шеќери за летните наслади на љубовниците
Со локуми ги засладува срцата на битолските кафеанџии
Излеана на двете страни на градските бедеми
Го поврзува стариот Безистен со свежината на Медитеранот
Липови мириси разнесува низ сокаците и облаците
Да ги дофати ѕвездите на конзулските одори
Да ги отсјае патеките на слободата на паднатите борци
40 маченици на ридот
Ги гледате ли Пелистерските очи?
Се отсјавуваат ли во нив вашите паднати ѕвезди?
Ги носи реката кон ширината на Егејот
За да заплачат за славното минато
Да ја осветлат светлата иднина.

Напишете коментар