Испрати пеперуга, прозрачно крилата
Прашуваш дал е сон ил стварност
Ќе најдеш цвет син лотус крај барата
Ќе најдеш цвет кој исчезнува со секоја моја поема
Довикни го заспаниот универзум
и прашај го за моментот во колибата
Кај танцуваш со последен зрак
Кај рушиш планини карпести кањонски
Влетај со твојот ум, те чекам
Подзастани и погледни
Ќе видиш како цветот замира
Одпливува како шише со порака
Ќе видиш цвет кој умира
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.