Skip to content

MCMLXXXII (1982) – Маид Чорбиќ

Не се предавај Инес, ти ранета добра душо
исткаена од најубавите врати од рајскиот остров
што живее во тебе и понатаму покрај сите трње
кои животот ти ги дал немилосрдно, но и самите луѓе
бидејќи накрај ти знаеш доволно колку си јака
и дека можеш сè сама да надминеш без ничија помош

Ти и понатаму можеш уште да живееш така вечно
ако другите ти ја украле душата, па не заслужуваат да патиш
MCMLXXXII е година, ти и понатаму заостануваш зад светот
кој веќе одамна е понапреден од тебе
тоа глупааво XII ќе те чини сè во животот: тргни се!

Ти не си заостаната ако и понатаму си слободна жена
само е доказ дека си еманципирана од малечка
и дека на некои глупаци не им даваш простор за љубов
туку повеќе се сакаш сама себе, што е тотално прифатливо
само немој да те разнесе некој силен ураган
твоите емоции, твојата душа, твоето надевање…

Нема врска и ако си далеку од сите на светот
постојат нешта на кои не можеш да влијаеш
не си ти родена да страдаш поради недореченост
бидејќи сепак Инес, мора да сфатиш дека животот е опасен
и дека носи неволји од сите страни

Непоколеблива си, а те туркаат како посакуваат и сакаат
само мачките што ги имаш во својот дом ти завидуваат
женски род, едни единствени пријателки

MCMLXXXII е година, а ти и понатаму седиш сама
зошто и понатаму не бараш причина за живот?
Белки не си изгубила толку надеж за универзумот
па да не можеш да ги разликуваш некои луѓе околу себе?

Не се предавај, Инес. Ти имаш причина и понатаму да живееш
Не се давај, Инес. Ќе разбереш што е квантна физика.
Не дозволувај ангелите чувари да те одведат толку млада
во самрак да плачат мајка ти и татко ти за тебе!

Превод од српски/босански: Наталија Наумовска

Маид Чорбиќ

Напишете коментар