Skip to content

Ноќ на судбината – Ирена Блажеска Дончева

  • by

Низ бран
Опипан од младоста
Сокриен во надежта
Те сретнав таа ноќ
Која вети сè
И без да проговори
Без било што да направи
Таа направи сè.
И за момент кој траеше
Отиде ти
Отидов и јас
Но судбината за нас реши
Таа коцките ги фрли
Таа стори сè
Да нè спои на еден пат
За да биде така
Како што мора да биде
Да сме тука
Да сме таму
Низ денес
Низ утре
Заедно
Засекогаш.

Напишете коментар