Убавина е таа,
вели бедата.
Страст,
тврди болката.
Свирепост,
кажува нежноста.
Рамнодушност,
шепоти очајот.
Смрт,
рече несреќата.
Сестра моја
тоа е љубовта,
вели среќата,
добрата среќа.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.