А твојата сестра? – Жак Превер

Убавина е таа,
вели бедата.

Страст,
тврди болката.

Свирепост,
кажува нежноста.

Рамнодушност,
шепоти очајот.

Смрт,
рече несреќата.

Сестра моја
тоа е љубовта,
вели среќата,
добрата среќа.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели