Диви Ноќи (269) – Емили Дикинсон

„Диви Ноќи“ (анг.”Wild Nights”) е една од најубавите песни во историјата на американската, па и светската поезија. Дикинсон со оваа кратка песна целосно ја опфаќа тежината и силата на љубовта која и покрај сите невремиња, сепак опстанува. Уживајте.

Диви ноќи – Диви ноќи!
Кај јас со те
Диви ноќи да ни се
Луксузување!

Џабе – ветриштата–
Према срце укотвено–
Свршено со компасот–
Свршено со картата!

Весла’ в Еден –
Ах – Морето!
Можам да се разденам – вечерва –
Jас во твоето!

Превод: А. Лефкоска

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели