Skip to content

Точна Пропорција – Зен приказна

Сен но Рикју, експерт за чај, сакал да закачи кошничка со цвеќе на еден столб, но бидејќи тоа не можел да го направи сам, побарал помош од дрводелецот. Дрводелецот се одлучил да му помогне и набрзо тие се фатиле за работа. Задачата на дрводелецот била да ја закачи кошничката на определеното место, а Сен но Рикју да го насочува дали да ја стави кошничката погоре, подолу, десно или лево, сѐ додека не го најдат вистинското место.

„Тоа е вистинското место!“ Извикал по некое време Сен но Рикју.
Вчудоневиден од викањето, дрводелецот решил малку да се пошегува со него, а и воедно да го тестира. Па така, го обележал местото, а потоа почнал да се преправа дека го заборавил.

„Ова беше местото? Или  ова, можеби?“ Прашувал тој покажувајќи кон различни места на столбот.
Но, чувството за пропорција на Сен но Рикју било толку прецизно што кога дрводелецот покажал повторно на истото место, тој веднаш ја препознал локацијата.

Прочитајте ја и „Приказна за трпението и времето кои го спасиле човештвото“.

Напишете коментар