Билјето амазонско

Се помолив јас безбожникот,
на идол древен
во таја одаја мистична,
чудесии се прикажаа
молитви изустени биднаа,
од предели амазонски
Билјосан мантрам во универзум непознат
билјосан се поврзувам
со мајката голема
Билјето да ми ти било клучот за себеси
за оној кој го поттурнувам со години
Воскреснав како Икар повторно
спремен за походи баботни
Занемев за секунд
дур врачот мумлаше
мумлаше стари заборавени зборови
Духот ми трепери,
го чувствувам
пробува да излезе и викне
СЛОБОДЕН СУМ!

 

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели