Каде ли одат? – А. Лефкоска

Каде ли одат, каде
оние што сме ги сакале,
а заборавиле?

Каде ли одат,
во кој пекол
и небиднина?
Крај која ѕвезда
и Недојдија?

Каде ли во душава
заспале очите
кога усните замолчиле?
Во кој дел од неа рацете
постела си направиле
и таму вечно се заборавиле?

Каде ли одат изгубените љубови?
Оние што се неостварени,
прекинати, скоро, за оцку заборавени?

На чии крилја им летаат зборовите,
(не)искажани на време, тивко, во ноќите?