Жената и распуканиот сад за вода – Поучна приказна

Една стара жена имала два големи сада за вода кои ги закачувала на двата краја од еден стап и ги носела околу вратот. Едниот сад бил распукан и од него повремено истекувало вода, додека другиот бил совршен и полн со вода. На крајот од долгото патување од изворот до дома, испуканиот сад бил полн само до половина. Така изминале две години – едниот сад се истурал, а другиот останувал полн. Еден ден распуканиот сад ѝ рекол на жената:

„Се срамам од тебе. Ти секој ден ме земаш за да ти донесам вода, а јас ја истурам – а види го другиот сад, секогаш ти носи вода и ти е корисен.“ Жената се насмевнала и ништо не одговорила. Кога наредниот ден поминувале по патот таа му рекла на садот.

„Погледни го патов. Ја гледаш ли твојата страна? Полна е со цвеќиња, а другата страна пуста -пустелија. Затоа те носам, зошто од тебе тече убавина и патот не ми е тежок кога ќе ја здогледам.”
И навистина  распуканиот сад забележал дека на неговата, онаму кај што течела водата изникнале шарени, шарени цвеќиња и си ја сфатил вредноста.

Прочитајте ја и Зен приказната „Точна пропорција“.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели