Сѐ уште верувам во љубовта

Сѐ уште верувам во љубовта. Сѐ уште верувам дека може да гледам во облаците. Се уште верувам дека ќе ги видам ѕвездите. Низ проѕирната облакова бела воздушна смеса.  Таму најчесто се кријат сите тајни. Ги кријат ангелите. Таму  ќе ги прашам дали можеби ја виделe мојата љубов.

Ќе ги запрашам: „Верувате ли дека треба да ја најдам? Дали верувате дека можеби ќе ја најдам и дали можеби сте ја виделе?“. Знам дека нема да ми одговорат. Тие никогаш не одговараат, иако знаат сé.

Можеби ќе ми одговорат: „Погледни во срцето, таму лежи твојот одговор.“ Или можеби сама ќе се присетам дека некогаш треба сама да го најдам одговорот, не треба да прашам никого.

Посебно не ангелите. Нив може само да им се помолам, да ме заштитат. Да ми го покажат вистинскиот пат до срцето. Ми треба само една стрелка, ништо повеќе.

Ги затворам очите. Се е темно. Замислувам облаци и ѕвезди. Може да ги видам. Ги наслушувам тајните. Има една светла  стрелка која ја следам, води право во срцето. Сега знам, таму се кријат одговорите на сите мои прашања.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели